Friday, September 28, 2012

Меѓународен ден за слободен пристап до информации!



ПРОБЛЕМ 

Информацијата е моќ.  На места каде што нема слободен пристап и не е достапна, корупциајта може да напредува.
Корумпираните лица можат да ги сокријат нивните активности зад ѕидот на тајноста, додека оние со привилегирани информации може да бараат мито за истата, на оние на кој им е потребна. Владите можат да ги  контролираат  или замолчат медиумите. Кога фактите не можат да се обелоденат ние нема да знаеме која е вистината.
Кога нашето право ДА ЗНАЕМЕ е одбиено, ние не можеме  да ги држеме политичарите на одговорност за она што го прават или кажуваат. Ние нема да знаеме за кого да гласаме кога ќе дојде време за избори. Ние сме блокирани од правилно  учество во политичкиот живот.Нашата доверба во политичарите може да пропадне.Ние нема да можеме да знаеме што всушност се случува.

РЕШЕНИЕ

Владите мора да бидат отворени за она што го прават и ние треба да бидеме сигурни  дека имаме пристап до таа информација.
Нашите закони мора да гарантираат пристап до информации. На овој начин можеме да  увидеме неправилни практики во области важни за сите нас, како што е вода, здравство и образование. Тие исто така овозможуваат да се провери дали и останатите закони се усогласени како што се јавната потрошувачка во изборните кампањи.
Глобалните анти-корупциски договори, како што е конвенцијата на ОН против корупцијата, потенцира колку е важен слободниот пристап до информациите и е утврдено она што е потребно.
Владите не треба само да се потпишшуваат на овие конвенции, тие треба да ги имплементраат. Наша улога е да провериме дали тие го правата тоа. Само тогаш можеме да бидеме сигурни дека нашето право да се знае  е исполнет.

Transparency International